Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе поднесе предлог за интерпелација на Венко Филипче. Опозицијата вели дека тој е виновен за тоа што нема вакцини, но и за сите како што велат скандали кои се случија во здравството во изминатиот период.

-Нема македонско семејство каде нечиј близок роднина или пријател не почина. Овие животи можеа да бидат спасени ако системот функционираше. За жал во македонското здравство се умира и притоа нема одговорност. Пациентка од Струга почина затоа што никој не и пружи помош, пациент од Штип почина затоа што немало боци со кислород, во Македонија се умира поради операција на колено и од сепса на рана, а на пациентка од Дебар и се извадени здрави внатрешни органи и никој не одговора за сето ова. Наместо министер за здравје Филипче, стана министер за смрт. Единствени сме во светот по најлошото справување со корона кризата. Македонија е на 118 место од 122 држави по број на вакцинирани. Од нас полоши се само Египет, Уганда, Св. Хелена и Екваторијална Гвинеја. 5-то место, но од позади. И ова не го кажува ВМРО, ова го нотира Блумбер. Срам и резил. Но да почнеме со ред, вели Кирил Пецаков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.