Речиси половина од 25-те милиони жители на Австралија се затворени во своите домови како резултат на мерките воведени против ширење на делта сојот на Ковид-19.

Властите денеска најавија дека во државата Викторија ќе биде продолжен локдаунот и наредните денови.

Премиерот на државата Викторија, Даниел Ендруз потврди дека „заклучувањето“ нема да биде укинато бидејќи и натаму има нови случаи на Ковид-19.

Денес во оваа држава потврдени се нови 13 случаи на коронавирус.