Владата започна постапка за повлекување на втората транша од 80 милиони евра од Европската унија (ЕУ) за поддршка за ковид-мерките, соопшти денеска владината прес-служба. Владата на седница синоќа разгледала и усвоила информација во врска со барањето на Министерството за финансии сите надлежни институции во најкраток можен рок да го пополнат Извештајот со статус на реализација на економски мерки за справување со кризата од КОВИД-19 од сите пакет мерки за 2020 година и да го испратат до Министерството за финансии најдоцна до 22 март 2021 година.
– Advertisement –