Првиот вицепремиер Артан Груби објави дека домашната интернационална компанија „Еколог“ ќе произведува електрични возила со Next e.Go Mobile во Тетово, а инвестицијата ќе биде 720 милиони евра, пишува Фактор.
Камен темелникот на новата фабрика ќе биде поставен во сабота на 13-ти август, кога ќе се одбележи годишнина од Охридскиот рамковен договор. Оваа информација ја објави првиот вицепремиер Артан Груби преку социјалните мрежи.
„На годишнината од Охридскиот мировен договор, во сабота на 13 август ќе поставиме камен-темелник на новата фабрика со современа технологија за производство на електрични возила во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово.
Домашната интернационала компанија „Еколог“ која оперира во светски рамки, на својата адреса во Тетово на улица „Индустриска“ ја доби како новорегистрирана германската старт-ап компанија Next e.Go Mobile позната по тоа што се занимава со производство на мали електрични возила, објави Фактор.