Франција е земја на виното и гастрономијата. Едно без друго не можат. Земја на сирењето – познато е дека во Франција има 365 видови сирења, секое за по еден ден во годината.

Овојпат за вас го одбравме традиционалното јадење од француската кујна  познато како тарт фламбе, односно „француска пица“, а кое се подготвува со тофу сирење.

Од намирници потребни се: 450 грама тесто за пица, 150 грама тиквички, 3 лажици маслиново масло, 100 грама тофу сирење, 1 филџан јогурт, 1 мала лажичка оригано, сол, црн пипер, 1 сечкан кромид на кругови.

profimedia

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 250 степени. Тепсијата обложете ја со хартија за печење па врз неа ставете го тестото за пица.

Премачкајте го тестото со маслиново масло и печете го 8 минути. Во меѓувреме, помешајте го изренданото тофу сирење (или исечкано на парчиња), јогуртот и ориганото и додадете сол по вкус и црн пипер.

Намалете ја температурата на рерната на 220 степени.

Премачкајте го тестото со смесата од јогурт и тофу и додадете ги тиквичките (исечкани на ленти или на тенки крукчиња) и кромидот исечкан на кругови. Потоа, печете уште 8 минути.