На 74-от Меѓународен филмски фестивал во Кан оваа година, дваесет и четири филмови ќе се натпреваруваат за Златната палма, вклучувајќи ги и делата на Италијанецот Нани Морети, Американецот Шон Пен, Русинот Кирил Серебреников и Французинот Жак Аудијар, соопштија денес организаторите на фестивалот.

На списокот се најде и филмот „Anette“ од Леос Каракс, коj ќе бидат прикажан на отворањето на фестивалот, како и „French Dispatch“ на американскиот режисер Вес Андерсон и „Benedetta“, на холандскиот режисер Пол Верховен.

Во трката за Златната палма на фестивалот од 6 до 17 јули ќе има четири филма чии автори се режисери.

Надвор од конкуренцијата, ќе биде прикажан филмот „De son vivant“ (За животoт), на францускиот режисер Емануел Берко, со познатата Кетрин Денев во главната улога.

За време на фестивалот ќе бидат прикажани повеќе од 60 филмови.