Децата на возраст од 12 до 16 години кои изразиле желба за вакцинација во текот на утрешниот ден ќе добијат термин за вакцинирање, кое за нив ќе почне од понеделник. Вакцинирањето ќе биде во постоечките вакцинални пунктови во градот каде го навеле при пријавувањето, објави „НоваТВ“.

Според податоците од националниот систем Мој Термин, до денеска напладне вкупно 1.623 деца и млади од 12 до 18 години покажале интерес за вакцинирање. Најголем број се од Скопје и тоа во Поликлиника: Букурешт 376, Јане Сандански 267, Чаир 101, Бит Пазар 5. Најмалку, односно само по 1 има во Кратово, Македонска Каменица, а по 2 Вевчани, Демир Хисар, Македонски Брод.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.