На почеток од пандемијата на коронавирусот експертите сугерираа на консумирање на витаминот Д, што претходни студии покажаа дека популацијата во која е забележан недостаток на витаминот Д е во поголем ризик од зараза со коронавирусот.

Сепак, новата студија објавена во „PLOS Medicine“ открила дека консумирањето на витаминот Д можеби и не е соодветна заштита од заразата, пренесува „N1“.

Истражувачи од Универзитетот „McGill“ во Канада, се насочиле кон истражување на генетските варијации поврзани со зголемено ниво на витаминот Д.

Тие откриле дека поверојатно е луѓето чија ДНК содржи една од овие варијации да има поголема количина на витаминот Д.

Истражувачите анализирале податоци на генетски варијации кај 14.000 луѓе кои имале Ковид-19 и ги споредиле со истите податоци на над 1,2 милиони луѓе кои ја немале оваа болест во себе.

Дошле до заклучок дека оние кои имаат една од овие генетски варијации, а веројатно имаат и поголемо ниво на витамин Д, немале помал ризик од инфекција со коронавирусот, хоспитализација или пак развој на потежок облик на болеста ковид-19.

За жал, наодите од ова истражување сугерираат дека консумирањето на дополнителен витамин Д – иако е корисно за имунолошкиот систем, здравјето на коските и расположението, не е толку влијателно во борбата против ковид-19.

Треба да се спомене и дека овој вид анализа кој го применуваат истражувачите во медицината се смета за „златен стандард“ во клиничките испитувања.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.