Легендарниот тенисер Матс Виландер во минатото имаше повеќе критики за игрите на Новак Ѓоковиќ, но сега верува дека првиот тенисер во светот оваа година може да ги достигне Рожер Федерер и Рафаел Надал според бројот на грен слем титули.

Виландер, кој трипати славеше во Мелбурн, истакнува дека српскиот ас главен фаворит на првиот Грен слем „Австралија опен“ и оваа година. Федерер и Надал имаат по 20 грен слем титули, три помалку Ноле.

– Би бил изненаден доколку Новак не освои уште една титула, мислам дека ќе биде навистина тешко да го победите во Мелбурн. Тој има големи шанси оваа година да стигне до таа 20-та грен слем титула. Доколку навистина сака да ги стигне Рожер и Рафа, мора да има одлична година, бидејќи помладите ќе бидат сè поголем проблем и предизвик во наредните години – рече Виландер.

Тенисерите немаа многу можности да се подготват поради карантинот, па тоа би можело да влијае и на самиот турнир.

Заврши карантинот на Ѓоковиќ

– Тоа сигурно ќе биде важен фактор, но не и одлучувачки. Физичките подготовки во соба не се идеална работа, но на крајот, тие би можеле да се концентрираат на менталната подготовка, за да видат какви се кога се соочуваат со предизвици. Доколку продолжат да зборуваат за „неправдата“ која им се случи во тие недели и по напуштањето на карантинот, тие нема да имаат шанса да победат, и тоа не поради физички или тактички проблеми – додаде Швеѓанецот.

Иако Федерер е надвор од терените повеќе од една година, Виландер верува дека Швајцарецот е подготвен за уште еден одличен резултат.

– Тој не е во Мелбурн оваа година, а доколку нема проблеми од физичка природа, со право може да се надева на трофејот на „Вимблдон“, каде секогаш може да победи. Потешко на „Ролан Гарос“ и „УС Опен“, но Рожер и онака ги има испланирано Вимблдон и Олимписките игри за оваа година, очекувам барем еден голем резултат од него – вели аналитичарот Виландер.