Викендов со дуелите од 23-то коло стартува третиот циклус на натпревари во Првата македонска фудбалска лига. Единствениот натпревар кој ќе се одигра утре е средбата Силекс – Скопје во Кратово. Останатите четири се закажани за в недела. Актуелниот лидер, Струга Трим Лум ќе ја пречека Македонија Ѓорче Петров, Шкупи ќе игра со Работнички во Чаир, Шкендија во Тетово ќе се сретне со Академија Пандев, додека Брегалница ќе ја пречека Победа.

Прва лига – 23-то коло
Силекс – Скопје
Струга Трим Лум – Македонија Ѓ.П.
Шкупи– Работнички
Шкендија – Академија Пандев
Брегалница – Победа

Прикажи повеќе