Под слоганот ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ, со донација од 3,284,819,00 денари Видеолотарија го пушти во употреба и четвртото игралиште од проектот за изградба на повеќенаменски и спортски игралишта низ целата земја. Најновото реконструирано игралиште се наоѓа во ООУ Рилиндија, село Лојане, Општина Липково.

Игралишта се дел од компаниската стратегија за повеќегодишно вложување во спортот, а со цел постигнување на врвни спортски достигнувања и мотивирање на младите активно да се посветат на спортот. Следното мултифункционално игралиште чија реконструкција е во завршница, е во Охрид. На ваков начин, Видеолотарија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните. Нашата идеја е да придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра.

#ИграјОдговорно # ИГРАЈСОНАЈДОБРИТЕ

 

Прикажи повеќе