Познатиот актер Том Хенкс гостуваше во „The Graham Norton Show”, па на водителот и гледачите им откри дека морал да се истриже поради новата улога во филмот за Елвис Присли.

Актерот се вклучи во емисијата преку видео-повик, со капче на главата, бидејќи има, како што и самиот се пожали, ужасна фризура.

„Дозволете да ви го покажам ужасот низ кој морав да пројдам поради улогата на Том Паркер (менаџерот на Елвис Присли)“, изјави актерот, мислејќи на својата фризура.

Потоа тој го тргна капчето на кратко, па им ја покажа новата фризура на сите.

Фото: Јутјуб

„Само што ги исплашив децата и би сакал да се извинам“, се пошегува Том Хенкс.

Да се потсетиме, актерот во филмот за Елвис Присли ја има улогата на неговиот менаџер Томас Андерсон Паркер, попознат како „Колонел Том“, додека „кралот на рокот“ ќе го игра Остин Батлер.