Иако има 63 години, Шерон Стоун сѐ уште е кралица на сексапилот, а нејзините последни фотографии го потврдуваат тоа.

Неодамна актерката се најде на насловната страница на шпанското издание на списанието „Elle“, а нејзините долги нозе беа во преден план.

Според „Noizz“, за многумина ѕвездата на „ Basic Instinct“ сѐ уште е една од најубавите и најхаризматичните жени во светот. На насловната страница на магазинот „Elle“, Шерон позираше седната на стол, во неколку модни комбинации, додека нејзините голи, долги нозе беа во преден план.

„Не успеав во важни аспекти во животот, поради моето здравје, пропаднати бракови, но живеев да ја раскажам приказната“, е изјава на актерката како дел од интервјуто за списанието.

Таа исто изјавила дека со години се опоравувала од мозочниот удар.

„Мислам дека зрачењето повеќе го нема, но можеби убавината и магнетизмот се сѐ уште присутни. Доброто здравје, благосостојба и младоста ја гради самодовербата. Кога се занимавате со оваа работа и кога луѓето ќе почнат да ви кажуваат дека ја немате повеќе самодовербата во себе, вие почнувате да верувате во тоа“, изјавила Шерон.