Вчеравечер се одржа првото полуфинале на избор на песна за Евровизија која оваа година се одржува во Ротердам.

Под реден број 6 настапи и нашиот претставник Васил Гарванлиев со моќна изведба на песната „Here I Stand“.

Васил на сцената се истакна со моќниот настап, одличната вокална изведба, многуте емоции, но и специјалните ефекти кои собраа голем аплауз од публиката присутна таму.

Васил несебично го даде својот глас и сите свои емоции на сцената создавајќи моќна и емотивна атмосфера, но за жал без пласман во големото еврозизиско финале.

Сценскиот настап, го означи и откопчувањето на палтото под кое се наоѓаа мали огледала на неговото торзо кои создадоа рефлексија која ја осветли целата сцена.

На синоќешната прва полуфинална вечер беа одбрани првите 10 финалисти, меѓу кои се Норвешка, Израел, Русија, Азербејџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија, Украина.

На првите финалисти ќе им се придружат на претставниците на Холандија, Велика Британија, Шпанија, Италија, Германија и Франција во големото финале кое е закажано за 22 мај.