Како што пишува „Дејли мејл“ жената од Калифорнија која себеси се претставува како „Дијамантска дива“ и „Финансиска доминатрикс господарка“ живее луксусен живот трошејќи ги парите на своите богати муштерии, кои воопшто не ги ни познава.

Интервјуто кое го даде Дијамантската дива за шоуто „This Morning“ одекна како бомба. Во него таа зборува за тоа како успева да заработи, работејќи речиси ништо.

Мажите кои сакаат убави жени се тие кои ми овозможуваат да живеам луксузно. На мене трошат баснословни суми, а не бараат ништо за возврат. Повеќето од нив речиси и да ги немам видено во живо, голем број од нив се оженети. Им наплаќам по 50 долари за минута телефонски разговор. Никогаш не им заблагодарувам за уплатата, тие треба мене да ми заблагодарат, вели таа.

Жената раскажува дека еден од нејзините, како што ги нарекува, „финансиски робови“ ѝ платил над 200.000 долари.

Веднаш потоа доживеа срцев удар, но се опорави, вели таа и открива дека пред извесно време друг маж во еден ден за неа потрошил 30.000 долари 

Не му заблагодарив. Секогаш им велам да одат и да заработат повеќе пари. Тие се среќни затоа што јас сум среќна и задоволна, тврди дивата и додава дека покрај 50 долари за минута, на муштериите им наплаќа и депозит од неколку стотини долари.

– Сакам да трошат додека разговараме, бидејќи мислам дека 50 долари не се доволно, изјавила Дијамантската дива.

Дијамантската дива, која инаку се занимава со пин – ап моделство, вели дека станала финансиски доминатрикс кога ја контактирале од еден нејзин он – лајн клуб непознати обожаватели ѝ и рекле дека се нејзини робови.

Не сфаќав за што се работи, додека не ги запознав во живо и еден од нив и даде пари, па ми кажа дека сака да ми биде финансиски роб, вели таа.

Подоцна еден од мажите ѝ објаснил дека постојат мажи коишто сакаат да финансираат убави жени, а за возврат не бараат ништо.

Моите робови сега се натпреваруваат кој ќе ми даде повеќе пари. Јас сè забележувам во еден тефтер. Запознавањата не ме интересираат. Веднаш им кажувам дека нивна единствена улога во мојот живот е да ме финансираат и да ме обожуваат оддалеку. Им најавувам кога сакам да одам на некој луксузен пат, изјавила Дијамантската дива.

Неодамна отседнав во хотел во Беверли Хилс и тие тоа ми го платија. Само еден од нив даде 12.000 долари за мојот пат, вели таа и додава дека всушност за патувањето добила пари повеќе од планираното, што ѝ овозможило да оди на луксузни вечери и шопинг на Родео драјв. Во интервјуто Дивата уште открива дека нејзините муштерии најчесто се слободни мажи, бизнисмени кои заработуваат неверојатно големи суми пари, но има и луѓе кои се во брак.

Заработив милиони од нив, бидејќи плаќаат за сè од најмала ситница до скапоцени парчиња накит, крзна, облека и друго. И јас инвестирам, а тие плаќаат за моите инвестиции. Веројатно знаат и нивните сопруги кога гледаат дека трошат пари на страна, но јас не им се мешам во браковите. А како се правдаат е нивен проблем, изјавила Дијамантската дива.

Засега таа нема план да престане со оваа „професија“ и додава дека иако има постојани муштерии со години, постојано наоѓа и нови.