Огромниот млад женски морж по име Фреја го избра Осло за овогодинешниот празник и често влегува во чамци, од кои некои потонува.
Случајните минувачи често гледаат женка тешка околу 600 килограми како влегува во закотвените чамци, од кои некои потонуваат.
Фреја стана позната во Норвешка, а името го доби по нордиската божица на љубовта. Се верува дека Осло е само еден од низата градови што Фреја ги посетува, бидејќи претходно била видена во Велика Британија, Холандија, Данска и Шведска.
Таа во јуни годинава беше забележана во норвешкиот град Крагер каде влегуваше во закотвени чамци, а сега е во Осло.
Меѓутоа, нејзиното присуство исплашило некои, вклучително и кајакар, како и момче кое паднало во вода. Него го спасил маж кој возел џет ски.
По овие инциденти, некои предложија моржот да се отстрани од локацијата или дури и да се еутанизира.
Но, откако ги следеле нејзините движења, норвешките власти тврдат дека таа може да остане таму каде што е сега. Сепак, на луѓето им беше препорачано да држат дистанца и да бидат внимателни.
Инаку, моржовите не претставуваат опасност за луѓето, но доколку се почувствуваат загрозени, би можеле да нападнат. Забележано е дека Фреја не е бавна како што изгледа додека одмара.
Тоа е заштитен вид кој летува во студени води, но живеалиштето на моржовите брзо се менува поради топењето на мразот, а климатските промени го ограничуваат нивниот пристап до мразот.