На натпреварот во Будеслигата меѓу Хофенхајм и Волфсбург беше виден можеби најочигледниот црвен картон во историјата на фудбалот.

Муанас Дабур тргна сам со топката кон голот, требаше само да ја стави во мрежата и да ја завери победата на својот тим, но потоа се појавија „летачките клешти“.

Баш кога требаше да ја пласира топката во голот, Паоло Отавио брутално стартуваше над Дабур од зад грб, го фаулира и доби директен црвен картон.

Како што може да се види на фотографиите од другиот агол, Отавио се фрли во воздух и го фати играчот на Хофенхајм со двете нозе и го сруши.

Стартот беше толку брутален што може да се карактеризира како насилно однесување. Дефинитивно ќе биде вистински шок доколку Отавио не добие суспензија од неколку натпревари.

Инаку, Хофенхајм го доби овој натпревар со 2:1.