Џенова славеше со 2:0 против Специја и чекори кон сигурен опстанок во лигата. Головите ги постигнаа Скамака 63-та и Шомуродов 86-та. Претходно, македонскиот репрезентативец Горан Пандев  ја затресе мрежата на Специја, но сепак по реакцијата од ВАР собата неговиот гол е поништен. Претходно, Матиа Дестро во самата акција го фаулирал голманот.

Пандев во минатото коло стигна до 100 голови во Серие А.