Екипите на Интер и Јувентус обезбедија пласман во наредната рунда од италијанскиот Куп откако вечерва остварија победи дури по продолженијата. Интер ја совлада Фиорентина со 1:2, додека „старата дама“ славеше над Џенова со 3:2.

Натпреварот започна одлично за Јувентус, веќе во втората минута поведоа со голот на Кулушевски, а на средина од првото полувреме веќе беше 2:0.
И кога сите помислија дека работата е завршена, гостите во 28. минута намалија на 2:1 преку Чибора.

Во продолжение од натпреварот играчите на „старата дама“ доминираа но не можеа да постигнат уште еден гол и да ги решат дилемите околу победникот. Казната за тоа стигна во 74. минута кога Мелегони со фантастичен шут го совлада Буфон.
Одлуката околу победникот падна во продолженијата каде Хамза Рафија ги постави конечните 3:2.
Нареден противник на Јувентус ќе биде подобриот од дуелот Сасуоло – Спал.

Интер исто така обезбеди пласман во четвртфиналето на италијанскиот Куп откако славеше во продолженијата. „Нероаѕурите“ со 1:2 ја совладаа Фиорентина, а јунак е Ромелу Лукаку кој победничкиот гол го постигна во претпоследната минута од второто продолжение.

Интер поведе во 40. минута со голот од пенал на Артуро Видал, но Фиорентина израмни во второто полувреме преку Кристијан Коуме.
Интер во четвртфиналето го очекува градскиот ривал Милан кој вчера беше подобар од Торино со 1:0.

Елиф Елмас беше во првиот тим на Наполи кој со 3:2 го совлада Емполи. Елмас настапи до 70. минута кога беше заменет од Руиз, а победничкиот гол го постигна Петања во 77. минута.