Јута џез ги совлада Далас маверикс со 120:101 со што ја забележа 11. победа по ред. Во оваа серија, повеќе играчи го предводеа нападот, а против Далас, прво име беше Бојан Богдановиќ. Првата четвртина Јута ја доби со 37:12, но Далас се врати во ритам во втората за во третата четвртина „џезерите“ да ги решат дилемите околу победникот. Богдановиќ во третата четвртина постигна 17 од своите 32 поени. На спротивната страна, вообичаено Лука Дончиќ беше најпрецизен со 25 поени.

Страшен натреевар одиграа Бруклин и Оклахома на кој со 147:125 славеше фаворитот од Њујорк. Нетси иако играа без Кевин Дурент, немаа проблеми за да дојдат до победата, во првото полувреме постигнаа 76 поени, а во третата четвртина дадоа уште 39 и го решија победникот. Кајри Ирвинг и Џејмс Харден дадоа по 25 поени, Џо Херис уфрли 20, акај Оклахома Тео Маледон и Гилџис Александер постигнаа по 24 поени.

Денвер нагетс ја прекина серијата од пет победи по ред откако загубија со 109:119 во дуелот со Сан Антонио спарс.
Демар Дерозан со 30 поени го предводеше Сан Антонио до победата, додека кај Денвер повторно брилјираше Никола Јокиќ со 35 поени и 10 скокови.

Каваи Ленард и Пол Џорџ постигнаа 50 поени во победата на нивниот тим ЛА Клиперс од 116:90 над Орландо, додека Џоел Ембид со 37 поени ја предводеше Филаделфија до триумфот над Минесота од 118:94.
Екипата на Њујорк никс продолжува со одличните игри на стартот од сезоната и со 102:81 го совлада Кливленд, додека Шарлот во возбудлив финиш беше поуспешен од Индијан со 108:105.

Резултати:
Шарлот – Индијана 108:105
Вашингтон – Атланта 100:116
Њу Орлеанс – Милвоки 131:126
Њујорк – Кливленд 102:81
Торонто – Сакраменто 124:126
Минесота – Филаделфија 94:118
Оклахома – Бруклин 125:147
Орландо – ЛА Клиперс 90:116
Сан Антонио – Денвер 119:109
Јута – Далас 120:101