Ураганот Никол рано утринава го погоди источниот брег на Флорида, носејќи силен дожд и опасни бранови на невреме во регионот. Ова е првиот ураган што ги погоди САД во ноември по речиси 40 години, пишува CNN.
„Никол“ е ураган од прва категорија што ја погоди областа на плажата Веро и донесе ветрови со брзина од 120 километри на час. Некои области се веќе поплавени, вклучително и области кои беа погодени од ураганот Јан пред помалку од два месеци, соопшти Националниот центар за урагани.
couple of hours ago in daytona #Nicole #HurricaneNicole pic.twitter.com/4ktkDobX0p
— kenny (@mcknnkng) November 9, 2022
Постои закана дека и Никол ќе донесе торнадо, па стотици летови се откажани, училиштата и универзитетите се затворени, а луѓето се евакуирани од зградите за кои се смета дека се во опасност од уривање.
Никол синоќа се зајакна од тропска бура во ураган, со силни ветришта и опасен бран на бура на островот Гранд Бахама, соопшти американскиот национален центар за урагани. Предупредувањето за ураган остана на сила на островите Абакос, Бери и Гранд Бахам.