Украинската армија денеска соопшти дека им го предала Соледар на Русите, две недели откако Москва објави дека го зазела градот во источна Украина.
– По неколкумесечни тешки борби, украинските вооружени сили го напуштија градот и се повлекоа на подготвените позиции, изјави денеска портпаролот на украинската армија за источната зона Сергиј Черевати.
Сепак, тој не сакаше да каже кога точно украинската армија се повлекла од Соледар.
Soledar is a small town not far from #Bakhmut, where about 13 thousand people lived before the war. The Ukrainian army has been protecting this place from the russians for more than 9 months. Now #Soledar looks like this.#RussiaIsATerroristState #RussiaUkraineWar pic.twitter.com/QsJd0UaWe8
— Writings from the war (@WarWritings) January 19, 2023