Реал Мадрид и Челси одиграа натпревар без победник (1:1) во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.

Дуелот на стадионот „Алфредо ди Стефано“ донесе одлична игра на тимот од Лондон, што на крајот може да жали за пропуштените шанси на овој натпревар.

Вниманието по овој натпревар го привлече потегот на менаџерот на Челзи, Томас Тухел, кој го игнорираше голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа.

Белгиецот ја подаде раката за да се збогува со тренерот на „Плавите“, но тој само мина покрај него како Куртоа да не постои и го поздрави својот играч Антонио Рудигер.

Многу фанови на социјалните мрежи сметаат дека германскиот стручњак намерно го игнорирал чуварот на мрежата на Реал, кој го носеше дресот на „Плавите“ од 2014 до 2018 година.

Секако, има и такви кои се воодушевени од потегот на менаџерот на Челси и сметаат дека тој заслужува пијалок поради овој потег, кој Белгиецот сигурно не го очекуваше.

Куртоа застана на голот на Челси вкупно 154 пати. Сепак, тој сега е на спротивната страна и е многу заслужен Реал Мадрид избегна пораз.

Да потсетиме, тимот од Лондон поведе во 14. минута од натпреварот со голот на Кристијан Пулишиќ, а Реал Мадрид израмни во 29. минута со голот на францускиот напаѓач Карим Бензема.

Реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите помеѓу Челси и Реал Мадрид ќе се одигра во Лондон на 5 мај.