Да, нормално дека смеете да возите. Сепак, мора да знаете како да се заштитите себе си и својот труднички стомак од потенцијалните опасности. Погледнете што е најбезбедно за вас…
Сакате да возите? Возењето во бременоста е сосема ок, но мора да бидете внимателни.
Една мајка од Австралија објави водич за безбедно возење, кое ќе им помогне на трудниците чие стомаче постојано расте.
Таа во еден видео-прилог покажа како правилно се врзува сигурносниот појас доколку имаме труднички стомак.
Според нејзиното објаснување, долниот дел од појасот треба да биде под стомакот, никогаш преку него или над него. Горниот дел треба да се намести меѓу градите.
Важно е да обрнете внимание на ова, бидејќи доколку не го поставите како што треба, ќе го зголемите ризикот од опасност по вашето бебе, но и по вас.
Мајката Ники истакна уште една важна работа. Важно е воланот да биде одалечен од трудничкиот стомак барем 25 сантиметри, за во случај да се активира воздушното перниче, тоа да оди кон градите, а не кон стомакот.
Погледнете кои превентивни чекори морате да ги преземете за да се заштитите и вие и вашето дете…