Македонскиот репрезентативец имаше убав гол на дуелот од Кралскиот куп, но тоа не беше доволно за пласман во следната фаза.

Мајорка водеше на гостувањето кај Фуенлабрада со голот на Александар Трајковски кој настапи до 81 минута од средбата.

Израмнија домаќините во 55 минута, потоа имаше по еден гол и во продолженијата, а победникот го дознавме во пенал серијата во која не беше дел Трајковски.

Мајорка двапати не беше прецизна од белата точка и на крајот загуби со 7:6.

Големо изненадување се случи во „Копа дел Реј“, Атлетико Мадрид со 1:0 загуби од Корнеља. Рајо Ваљекано славеше кај Харо Депортиво (1:3), а во победничките редови на клупата остана нашиот голман Столе Димитриевски.