Неодамна македонската музичка атракција Brass Brothers на пошироката публика и ја претстави својата нова инструментална трака “The Spark”, која ќе биде дел од нивниот прв авторски албум “Balkan Mayhem”.

“The Spark” е брза весела и многу заразна мелодија во која на многу несекојдневен и уникатен начин се искомбинирани експлозивниот денс ритам и маестралниот звук на трубата обоен со милозвучната балканска меланхолија.

“The Spark” е втората инструментална трака од албумот “Balkan Mayhem” која иако стилски е поразлична и флертува со денс стилот, сепак го носи препознатливиот звук и позитивната енергија на Brass Brothers, која никого не го остава рамнодушен.

И кај оваа нумера автор на музиката е фронтменот на Brass Brothers Горан Мицевски Кус.

“The Spark” достапна е и на сите дигитални платформи за слободно преслушување. Песната веќе може да се купи и преку повеќе од 150 дигитални музички продавници.

Brass Brothers со “The Spark” но и со албумот “Balkan Mayhem” носат нов звук на македонската музичка сцена, а и пошироко. Тие се првиот музички бенд кој DnB звукот го збогатуваат и комбинираат со Brass секција.