Лестер и Наполи ги поделија бодовите на почетокот на Лига Европа откако одиграа 2:2 на стадионот „Кинг Пауер“.

Натпреварот на Островот го одбележаа и судири помеѓу навивачите на двата тима пред и за време на натпреварот.

Поради ограничувањата, не требаше да има навивачи на италијанскиот клуб на трибините, но некои од нив успеаја да патуваат или дојдоа од други земји.

Според англиските медиуми, инцидентите започнале кога навивачите на Лестер почнале да фрлаат пластични шишиња кон приврзаниците на Наполи со цел да ја прекинат границата на разграничување.