Дортмунд и Манчестер Сити го играат реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Дортмунд одлично го отвори вечерашниот натпревар и поведе со 1: 0 во 15. минута со голот на Белингем.

Тој резултат го носеше понатаму германскиот клуб, но Граѓаните сега дојдоа до 1:1.

Судијата Дел Серо досуди пенал откако Емре Џан играше со рака и не се предомисли и покрај протестите на домашниот тим.

Топката ја зеде Махрез кој погоди за 1:1, а голот можете да го погледнете ТУКА.