Австралиските власти објавија дека повеќе од 80 куќи изгореле во големите пожари проследени со силен ветер на западот на земјата.

Премиерот на Западна Австралија, Марк МекГован изјави дека пожарникарите успеале да го намалат најголемиот од седумте пожари, но предупредиле дека силниот ветер може да ја зголеми опасноста.

– Advertisement –

Овие пожари се многу непредвидливи и работите можат многу брзо да одат лошо, изјавил МекГован пред новинарите во Перт.

Властите соопштија дека ветровите веќе спречиле полетување на противпожарните авиони, како и дека се очекува влошување на времето во следните неколку часа.

Метеоролозите, сепак, од сабота најавуваат подобри временски услови во областите погодени од пожарите, кога се очекуваат врнежи од дожд.

Нема жртви во пожарите, а нивната причина сè уште не е позната.

Прикажи повеќе