Вчеравечер се одржа втората полуфинална вечер на престижниот музички натпревар, а сега конечно е позната листата на финалисти на 65-тото издание на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, кој се одржува во најголемото европско пристаниште, Ротердам.

По повеќе од 700 дена и скоро две години, омиленото шоу на Европејците се врати на голема врата. Во арената во Ротердам „Ахој“.

Дваесет и петте најдобри обезбедија понатамошен пласман, а публиката повторно ќе ги гледа нивните настапи во сабота, на 22 мај, кога ќе се одржи финалната евровизиска вечер.

Уживајте во песните на изведувачите кои се пласираа во големото финалето.