Музичките награди „Билборд“ се одржаа вчеравечер во театарот „Microsoft “ во Лос Анџелес. Пејачот „The Weeknd“ освои дури десет награди од вкупно 16 номинации.
Сепак, најголемото изненадување на вечерта беше настапот на пејачката Пинк и нејзината деветгодишна ќерка Вилoy. Тие го отпеаја дуетот „Cover Me in Sunshine“ и ја воодушевија публиката со танц на јажиња.
Мајката и ќерката по настапот добија громогласен аплауз.
Од овој перформанс, јасно е дека Вилоу е талентирана на нејзината мајка. По емотивниот перформанс, малечката Вилоу весело скокна и ја прегрна својата мајка, а Џон Бон Џови и ја додели наградата на Пинк за музичка икона.
Кога Вилов ја напушти сцената, Пинк ја изведе баладата „All I Know So Far“, а потоа и хитовите „ So What“, „Who Knew“ и „ Just Like a Pill“. Настапот го заврши со еден од нејзините најпознати песни „Just Give Me a Reason“.