Јувентус го победи Порто со 3:2, но сепак поради поразот на гостински терен од 2:1, доживеа елиминација во Лигата на шампионите. Во центарот на вниманието се најде Кристијано Роналдо кој практично е главен виновник за примениот втор гол од слободен удар. Тој стоеше во живиот ѕид кој пред ударот се распадна, а Роналдо се сврте и топката му помина низ нозете, со што заврши во мрежата на Јувентус.

-Не знам што се случи. Вакво нешто никогаш не се случило, никогаш не свртеле грб. Не верувам дека се исплашиле од топката. Тоа беше грешка која ретко се гледа, изјави тренерот Пирло по мечот.