Најмалку три лица се повредени денеска во експлозија на една од пратките во седиштето на Лидл во Германија, јавуваат локалните медиуми.

На местото на несреќата се наоѓаат многу возила за Итна помош, како и припадници на полициските служби.

На социјалните мрежи се појави видео од пред седиштето во Хајлброн.

Експлозијата се случила околу 15 часот, а на лице место бил испратен и спасувачки хеликоптер. „Билд“ пишува дека во седиштето на „Лидл“ експлодиралo писмo што го отворил еден од вработените, а германските медиуми објавија видео кое ги покажува разорните последици и возилата за Итнa помош распоредени на сите страни околу местото на несрeќата.

Веднаш по експлозијата се започнало со итна евакуација на околу 100 вработени во зградата.