Дали некогаш сте размислувале што се случува со јајце што е оставено да отстои некое време на собна температура?

Веројатно не, но тимот на „Another Perspective“ го даде одговорот на тоа прашање со видео од сурово јајце, скршено и оставено десет дена на собна температура.

Видеото од нивниот канал досега го погледнале скоро 50 000 луѓе, а многумина биле воодушевени од она што се случило – имено, јајцето се кристализирало и се скршило како стакло. Погледнете го целиот процес.