Цело утро инспектори на шпанската полиција вршат претрес на просториите на Барселона на „Камп Ноу“. Станува збор за истрага против поранешниот претседател на каталонскиот тим Жозеп Бартомеу и уште неколку членови на раководството на тимот. Според информациите Жозеп Бартомеу е уапсен, а истрагата е за поранешни и сегашни играчи, корупција и перење на пари.