Кошаркарот на Голден Стејт, Стивен Кари (32) немаше добри партии во воведните порази на Голден стејт вориорс на почетокот од новата сезона во НБА, но на тренинзите покажува дека и натаму е мајстор за тројки.

Имено, официјалниот Твитер профил на неговиот клуб објави видео за кое многу се зборува во САД, но и пошироко. Кари цели пет минути реализираше тројки без ниту едно промашување, односно постигна дури 105 во низа.

Гледајќи го видеото, имате впечаток како да се повторува еден ист шут, скоро секој потег и движење на еден од најдобрите плејмејкери во светот.

Сепак, имаше и такви кои во своите коментари на видеото истакнаа дека Кари имаше лош учинок на почетокот на новата сезона.

Да потсетиме, Кари освои три титули во НБА (2015, 2017 и 2018 година), двапати беше прогласен за МВП на најсилната кошаркарска лига во светот и играше шест пати на „Ол Стар“ натпреварите.