Вечер во емисијата “Таргет“ што се емитува во “Зоом“, гостинка е пратеничката на „Алтернатива“, Сафије Садики Шахини. Со неа разговараме за акуелната политичка состојба, но и за предлог законот за државјанство.

Во врска со спорот меѓу Скопје и Софија пратеничката на Алтернатива, Садики – Шахини вели дека имаат емпатија за Македонците кога станува збор за одбрана на нивниот јазик и идентитет, како што имаме и разбирање за аргументите кои ги наведува бугарската страна, но неспорен е фактот дека спорот ја попречува интеграцијата на земја во ЕУ.

„Без разлика кој е повеќе а кој помалку виновен, ние не сме го започнале процесот за интегрирање во Европска Унија. Секако дека сето ова е неповолно и за Европската Унија“, вели Шахини.

Таа смета дека ЕУ треба да помогне да се најде решение за проблемот, а министерот за надворешни работи, Бујар Османи треба повеќе да мисли како да го реши спорот, а не да води само сметка за неговото медиумско претставување.
Проследете го целото интервју:

https://fb.watch/35NZyvn2td/