Фудбалерите на Монца играат на свој терен против Салернитана во мечот од 16 коло во италијанската Серија Б.

Дебито во дресот на Монца го запиша и Марио Балотели, кој пред неколку недели потпиша за овој клуб кој има намера следната година да учествува во Серија А.

„Супер Марио“ беше надвор од правата формата и пропушти неколку мечеви, но денеска за првпат се најде во стартниот состав.

Дека ќе биде големо засилување, покажа после само пет минути кога постигна гол за водство од 1:0.

Неговиот погодок можете да го погледнете на видео записот: