Многу напади претрпе Кристијано Роналдо во изминатиот период. Одредени луѓе дури коментираа дека Јувентус направил грешка што го ангажирал и дека треба да го продаде. Но, сепак Португалецот на најдобар начин попладнево им ја затвори устата на дежурните критичари. Со хет трик за дваесетина минути го потопи Каљари и му донесе три бода на својот тим. Јувентус славеше со 3:1, а Роналдо својот прв гол го постигна во 10-та минута. Вториот гол го постигна од пенал во 25-та, а седум минути подоцна по трет пат се запиша во листата на стрелците. Симеоне во вториот дел, поточно во 61-та минута замо го ублажи поразот.

Јувентус има 55 бодови, 10 помалку од лидерот Интер, кој има и меч повеќе, а еден помалку од Милан кој вечерва игра против Наполи.Роналдо е прв стрелец во лигата со 23 голови, пред Лукаку со 19, Муриел со 16 и Лаутаро Мартинез со 14.