Реал Мадрид и Челси одиграа без победник (1-1) во првата полуфинална средба во Лигата на шампионите.

Се што беше интересно се случи до 30. минута, кога беа постигнати и головите. Кристијан Пулишиќ, кој се покажа како одличен џокер на Томас Тухел во првата постава на Челзи погоди за 0:1 во 14. минута.

Реванш дуелот од полуфиналниот двомеч е закажан за осум дена на „Стемфорд Бриџ“, а Челзи со активен резултат и гол на гости ќе го дочека Реал.