Барселона ќе се бори за својот 10 трофеј во Лигата на шампионите по триумфот во полуфиналето над ПСЖ на Фајнал-фор турнирот во Келн.

Каталонскиот гигант во првото полувреме имаше негатива од 10:8, но со серијата од 7:1 почнуваше да го крши отпорот на францускиот гигант. Највисоката предност играчите на Пасквал достигна до „плус седум“, а составот на Раул Гонзалез со сите сили се обидуваше да се врати комплетно во мечот.

Поранешниот тренер на Вардар 1961 и наш поранешен селектор, Раул Гонзалез кој моментно ги води парижани се обиде токму во стилот на „црвено-црните“ да го направи „невозможното“, но на крајот тоа не се случи.

– Нападот беше добар, но одбраната не беше на нивото. Никако не смеевме да им дозволиме да направат разлика, бидејќи е невозможно да ги стигнете, едноставно се толку добри. Честитки до Барселона, игра одлично оваа сезона. Тешко беше без Тофт Хансен и Стаинс, дознавме на еден ден пред мечот дека нема да играат. Моравме да планираме тактика без нив. Го немавме ниту Никола Карабатиќ, мислам дека ќе беше поразлично со него, но тоа не го намалува успехот на Барселона – рече Гонзалез на прес конференцијата по завршувањето на полуфиналниот дуел.

Потсетуваме нешто слично се случуваше минатата година, Вардар играше полуфинале токму против Барса на Ф4, иако веќе го гледаа ривалот како победник кој водеше воглавно со 6-7 разлика, следуваше големиот пресврт на македонската екипа тогаш предводена од тренерот Роберто Гарсија Парондо.

Ф4: Барса ќе ја брка 10 титула во Лигата на шампионите!