Поранешниот македонски амбасадор во Германија, Горан Рафајловски, кој академската кариера ја продолжува во еден од германските универзитети во Берлин, во Неделеното Зум интервју смета дека реформата во основното образавание предложено од Министерството за образование и наука заслужува поддршка, но ја повикува и министерката Милка Царовска да ги земе предвид и забелешките од академската заедница затоа што само со искрена желба и отворена дебата може да се дојде до оптимални решенија.

„Капацитети имаме, но прашањето е дали имаме желба да одиме во радикални реформи во образованието“, вели Рафајловски во интервјуто за zoom.mk.
Тој вели дека е добро што со новиот концепт се дава поголемо значење на математиката како предмет без која не може да се замисли развојот на дигиталната технолофија и вештачката интелегенција. Освен тоа спојувањето на предметите помага теоретсото знаење полесно да се примени во практика.

„Спојувањето на предметите Географија и Историја нема врска со спорот меѓу Македонија и Бугарија“, тврди Рафајловски и додава дека таквото спојување ќе помогне учениците да добиваат знаење и од други региони од светот и со тоа да станат идни граѓани со космополитиски погледи./Зоом.мк