Париската модна куќа Coperni на својата модна ревија во рамките на Париската недела на модата, покрај луѓе модели, вклучи и роботи. Поточно, Coperni ја одржа првата модна ревија во светот на која учестуваа роботи од компанијата Boston Dynamics.

Добро познатите роботи Spot им помагаа на моделите на модната писта. Додека еден им додвашае чанта, друг им помагаше да го соблечат капутот. Публиката реагираше позитивно на појавата на овие необични модели на пистата, но го постави сосема логичното прашање – кој управува со тие роботи?

Одговорот на тоа го добија на крајот на модната ревија, која покрај двајцата дизајнери на Coperni, Себастиен Мејер и Арно Вејан, се појавија и инженери на Boston Dynamics.

„Нашата порака е позитивна – дека луѓето и технологијата можат да живеат заедно во хармонија“ изјави Вејан после ревијата. Тој призна и дека имал сомнежи дали да ги користи роботите на модната ревија, но сега смета дека се прекрасни.

Инаку, модната куќа Coperni минатата година дигна доста прашина кога во текот на модната ревија на писта се појави голата Бела Хадид, а фустанот на неа го нанесоа со спреј.

Како изгледаше најновата модна ревија со модели и роботи можете да погледнете од видеото во прилог.