Познатиот виолончелист Јо -Јо Ма ги изненадил присутните во центарот за вакцинација против ковид – 19, во државата Масачусетс, каде одржал импровизиран концерт по примањето на вакцината.

Во саботата, откако ја примил втората доза од вакцината против коронавирусот, кинескиот уметник седнал во чекалната и одржал мини концерт од 15 минути со цел да ги расположи своите сограѓани.

Раководството на центарот за вакцинација објавило дека уметникот сакал со неговата музика да се заблагодари за вакцинацијата на свој уникатен начин.

Јо-Јо Ма редовно објавуваше свои интерпретации на Бах, Бетовен и други композитори на социјалните мрежи во изминатата година.

„Во овие моменти на вознемиреност, сакам да продолжам да споделувам музика која ни дава утеха“, изјавил уметникот .