
Јахта долга 40 метри потона во Средоземното море на југот на Италија, а се појави и снимка од моментот кога таа полека исчезнува во морето.
Италијанската крајбрежна стража успеала да ги спаси сите девет лица од супер јахтата – четворица патници и пет членови на екипажот.
Јахтата потона на околу 15 километри од марината Катанзаро во Калабрија, во јужна Италија, јавува Би-би-си.
Причината за несреќата засега е непозната.
