Посетители се собираат за да видат како тече лавата од Мауна Лоа на Хаваите, најголемиот активен вулкан во светот кој еруптираше оваа недела за прв пат од 1984 година.

Advertisements

Бидејќи Агенцијата за управување со вонредни состојби на Хаваите соопшти дека нема знаци дека лавата ќе ги загрози населените области, десетици луѓе, вклучително и семејства со деца, се собираат во близина на вулканот.

Тие вадат столици и торби за кампување и се сместуваат за да ја гледаат спектакуларната ерупција, а локалните уметници и ја насликуваат ерупцијата.

Истекувањето на лавата од Мауна Лоа почнува да се забавува, соопштија властите, и останува оддалечена повеќе од пет километри од блискиот автопат.

Опсерваторијата за хавајски вулкани на Американскиот геолошки институт во својот најнов билтен објави дека главниот тек на лавата се движи со брзина од 40 метри на час.

Исто така, додаваат дека сè уште се детектираат сеизмички потреси во областа, што значи дека магмата сè уште стигнува до пукнатините, па активноста најверојатно ќе продолжи.

Мауна Лоа се издига на 4 169 метри над Тихиот Океан и е дел од синџирот на вулкани кои ги формирале островите на Хаваи. Последен пат еруптираше во март и април 1984 година, исфрлајќи лава во радиус од осум километри од Хило, најголемиот град на островот.

Агенцијата за управување со вонредни состојби на Хаваи соопшти дека отворила две засолништа на островот како мерка на претпазливост, но не издала никакви наредби за евакуација.

Околу половина од сите регистрирани ерупции на Мауна Лоа беа ограничени на тој врв, соопшти агенцијата.