
Големото количество на дожд кое вчера падна во Лондон поплави домови, патишта, метро станици и болници, пишува Би-Би-Си. Само лондонските пожарникари, во неколкуте критични часови, примиле на 300 повици за помош поврзани со поплавите. Многу автомобили беа оставени „заглавени“, а надлежните ги повикаа луѓето да не патуваат во „ризични услови“.
Дел од патиштата во главниот град беа затворени за време на поплавите. Поради поплавите, беа затворени и осум метро станици. Засега нема информации за жртви.