Планетарно познатата ријалити ѕвезда Ким Кардашијан на своите следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“ им покажа како изгледа делот од гардероберот каде ги чува нејзините скапи чевли и луксузни чанти.

40-годишната Ким на својот инстаграм-профил објави неколку кратки видеа на кои позира пред огледало во сина комбинација на облека, а во позадината може да се забележи огромниот број уредно наместени чевли и чанти од луксузни брендови.

Кардашијан со години е позната дека ужива во префинети парчиња облека, па не е чудо што поседува и цел арсенал чевли и чанти за кои поседува посебна соба.

Ким веројатно не знае колку чевли, сандали, чизми поседува од најпрестижните брендови во светот, а на видеата се гледа и дека ѝ се подредени по бои. За истите, поседува соодветни чанти од познатиот бренд „Хермес“ во сите бои и големини, што заедно чинат илијадници долари.

Едни од нејзините најомилени брендови секако се и „Шанел“, „Фенти“, „Верасче“, „Диор“, „Прада“, „Кристијан Лубутен“, „Живанши“ и многу други.

За потсетување, ѕвездата Ким Кардашијан неодамна поднела барање за развод по седум години брак со раперот Канје Вест. Кардашијан поднела барање за заедничко правно и физичко старателство над нивните четири деца.