Поранешната хрватска актерка Колинда Грабар Китаровиќ се проба и во актерството, односно како актерка во популарната хумористична серија „Дар Мар“, која се прикажува во Хрватска.

Колинда за кратко го врати својот мандат за потребите при учествувањето во хрватската серија „Дар Мар“.

Поранешната претседателка така доби „камео“ улога, а снимањето успешно го одработи. Наводно, на сетот одлично се снашла и добро се забавувала, а епизодата во која глуми таа ќе биде прикажана во јануари.

Како што изјави и претходно, очекувала дека снимањето подолго ќе трае:

„Би беше одлично морам да кажам. Малку се изненадив кога го добив повикот. Не размислував многу, бидејќи сметам дека во животот треба да го прифатите секој предизвик, се што ви се нуди. Искрено, дојдов да се забавувам малку тука“, изјави Колинда која објасни како се подготвувала за улогата.

„Морам да кажам дека текстот малку повеќе го импровизирав секој пат, не можев да го кажам од збор до збор точно, бидејќи не можев да го научам така во буквална смисла. Тоа навистина беше голем предизвик, и нормално фактот дека е потребно некако да се ослободиш пред камерите и да бидеш природен, бидејќи нели секогаш кога ќе ја видите камерата се стегате и делувате неприродно“, призна поранешната претседателска.