Ѓорѓе Балашевиќ, кој вчера почина на 67 – годишна возраст, имаше брилијантна музичка кариера. Речиси секоја негова песна беше голем хит, како „Словенска“, „Провицијалка“, „Рингишпил“ и многу други.

Многумина се прашуваа која му е нему омилена песна, а Балашевиќ  на тоа прашање еднаш одговори:

– Често ме прашуваат која е мојата омилена песна, а јас обично одговарам: Не е од Балашевиќ. Но, главно, има неколку песни кои ми се омилени, не само една. Една со која секогаш би сакал да се претставам е песна од албум за кој веќе не знам ни како се вика.

„Портрет на мојот живот“, не знам кога е снимена, само знам дека ја сакам – рече Балашевиќ во една пригода, како што објавија од balasevic.in.rs.